Стоковната куќа „Мејсис“ најави дека нивната најнова дизајнерска соработка ќе биде со Никол Ричи. Колекцијата со потписот на Ричи ќе биде дизајнирана во рамките на нивната популарна линија „Импулс“, за која во минатото „Мејсис“ соработуваше и со дизајнерите Карл Лагерфелд и Алберта Ферети.
Лимитираната верзија на модната линија на Ричи ќе содржи меѓу 24 и 30 парчиња кои ќе бидат во знакот на храбрите принтови и луксузниот накит во јаки бои.
Колекцијата содржи силен спој на мажествени и женствени парчиња од шифон, помешани со лажна кожа. Станува збор за линија наменета за модерната жена и сите нејзини различнин слоеви.
Парталчињата од соработката меѓу Ричи и „Мејсис“ се очекува да се појават на модниот пазар во средината на септември, годинава.