Според најновите истражувања на тимот предводен од научниците Флоријан Севелек (од Научниот центар за истражувања во Брест) и Сибрен С. Дифоут (од Универзитетот во Саутемтон), а направени со помош на математички модел, фино ќе биде да се подготвиме за неколку исклучително топли години во низа.
Нивниот статистички метод базиран на симулација на климатските промени во овој и минатиот век, покажуваат дека од 2018-та до 2022 година нé очекува екстремен раст на температурите.
Иако на почетокот на 21-ов век научниците тврдеа дека ќе има мало ублажување и пауза во загревањето на планетава, податоците недвосмислено покажуваат дека последниве 5 години се најжешки во историјата на мерење на температурите. Според истражувањето на Севелек и Дифоут, тој тренд ќе продолжи во нагорна линија најмалку во следниве четири години.
via Фактор.мк