НХЛ лига: Прва титула за Флорида Пантерс во Стенли Купот


Флорида пантерс ги победија Едмонтон оилерс со 2:1 во 7-от меч, и го освоија Стенли купот, за прв пат во клупската историја. Решавачкиот натпревар од финалната плеј-оф серија во канадско-американската хокеарска НХЛ лига се играше на Флорида.

Картер Вериџ и Сем Рајнхарт ги постигнаа головите за победничката екипа, а стрелец на единствениот гол за Оилерс, беше Матијас Јанмарк.

Големи заслуги за триуmфот има и gолманот на Pантерите, Сергеј Бобровски кој одбрани 23 удари, девет во последната третима. Голманот на Едмонтон, Стјуарт Скинер запре 19 удари.

Финалната серија беше многу драматична. Флорида ги доби првите три меча и се чинеше дека се’ е готово. Но потоа Едмонтон возврати и и  израмни на 3:3.

Флорида успеа да стигне до посакувата цел и да ја освои првата титула во третиот обид. Лани во големото финале загуби од Лас Вегас со 1:4, а во првиот обид, во 1996-та од Колоради авеланч, 0:4.

Едмонтон и натаму останува на петте титули, последната освоена во 1990-та. Тимовите од Канада го немаат освоено Стенли купот од 1993-та кога триумфираше Монтреал канадиенс, најуспешниот тим со 24 титули, 13 повеќе од Детроит ред вингс.

- Реклама -