“Aenaon Villas” е луксозен комплекс, на островот Санторини во Грција.
Седумте стилски вили се дизајнирани од Јоргос Захаропулос (Giorgos Zacharopoulos) и се лоцирани во највисокиот и тесен дел на Санторини, токму на работ на светски познатиот кратер, наполнет со морска вода.
Луксузните вили се изградени во традиционален стил и се во совршена хармонија со природните услови.
Тие се пространи, опремени по вкус и со сите модерни удобности кои гарантираат вистински комфор. Приватните чардаци обезбедуваат пристап до базен , кој е изграден на работ и нуди одлична глетка кон Егејско море.
Ова парче од рајот ветува спокојство и приватност. Уживајте во прекрасните фотографии кои ќе ве лоцираат директно на морските бранови …