Вчеравечер во спортката сала „Борис Трајковски“ се одржа концертот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ. Концерт се одржа во рамки на неговата актуелна турнеја „Кад тамбурама мангупи препрече пут “.
Балашевиќ направи одлична атмосфера и успеа да ги задоволи своите обожаватели рецитирајќи и пеејќи ги познатите стихови со кои предизвика бура од емоции кај публиката.
Концертот траеше 3 и пол часа, а во публиката можеа да се видат помлади но и повозрасни генерации кои растеле со неговите безвременски стихови.
Ѓорѓе не остана рамнодушен и го изрази своето жалење по повод немилите настани кои се случија во Париз, меѓу кои имаше ститина мртви. „Последните случувања не се ни за минута, ниту за еден месец молчење, туку се за цел еден живот молк.“- изјави Балашевиќ.