Неверојатно: Враните се мноооогу попаметни отколку што мислите

Запознајте го 007 – тоа е името на оваа врана, која е веројатно попаметна барем од неколку ваши познаници.

Во втората епизода на специјалот на Би-Би-Си, насловен како „Inside the animal mind“, 007 ги демонстрира своите неверојатни умствени способности и решава комплексна загатка составена од 8 индивидуални проблеми. Секој од нив е веќе решен во минатото, како изолиран проблем, но сега за прв пат 007 е предизвикан да ги реши како дел од една целина, во која важат каузални релации и каде секоја од задачите е само чекор кон целта.

Д-р. Алекс Тејлор, кој ја постави загатката, ги проучува дивите птици, посветувајќи по 3 месеци на секоја од нив, а потоа ги ослободува. Според него, поставениот проблем е „ултимативниот тест за животинскиот мозок“. СПОЈЛЕР: 007 го решава!

Ова не е прв пат да биде проучувана интелигенцијата на враните. Веќе е докажано дека овие птици имаат меморија, речиси како и луѓето. Можат да разликуваат лица, меѓусебно да пренесуваат детали од одредени настани, па и да ги избегнуваат местата опасни по нивниот живот.

Очигледно, враните ја користат својата интелигенција и во секојдневниот живот, особено во урбаните средини. На кратко, тие ги користат автомобилите, пешачките премини и семафорите за да скршат орев (и слични плодови со лушпа) и да стигнат до јатката.

Не сте убедени? Погледнете го ова:

 

- Реклама -