Авантуристот Сем Косман објави шокантно видео од неговата експедиција кон дното на Марум Кратер. Вулканот се наоѓа во Република Вануату, во Јужниот Пацифик. Она што Косман го прави е импресивно и застрашувачко во исто време.
Како што пишува и во описот н видеото, Сем Косман и Џорџ Корунис, водени од вулканските пионери Геоф Макели и Бред Амроус влегоа меѓу првите истражувачи што стапнале на дното на најопасниот и најнепристапниот вулкан во светот – Марум Кратер. Повеќе луѓе ја имаат посетено Месечината отколку огненото дно на ова спектакуларно и смртоносно место.