Ејми и Ник Вилер се во брак – среќни, млади, насмеани заљубени…Еден ден Ник посакал на својата сопруга да и покаже фотографии од детството и тогаш дошле до многу интересно откритие.
Се враќаме 20 години наназад. Лето 1994, Две деца си играат на жешкиот песок, а Ник е во посета кај својата баба.
Ејми израснала на приморско место Маушол во Корнвол, а Никво Кент, но во родното место на Ејми доаѓал со своето семејство на одмор. На оваа британска плажа, само неколку метра оддалечени, заедно граделе кули од песек, а денес заедно ја градат својата иднина.
По многу години, Ник се преселил во приморскиот град, но двајцата немале рана среќа и се запознале многу години подоцна. Дури една година откако се свршиле, одлучиле да прелистаат стари фотографии од куќата на бабата и дедото на Ник. Гледајќи ја сликата на која што Ник е со својата сестра во чамец од песок, Ејми се препознала себе си во позадината.
Парот се венчавал минатата сабота, 20 години по фотографирањето на оваа слика, а само на минута оддалеченост од таа плажа.
Интересна игра на судбината.
Денес изгледаат вака: