Неверојатни нешта што кучињата ги чувствуваат кај луѓето

Кучињата се многу интелигентни животни и можат многу прецизно да го почувствуваат вашето расположение. Исто така, многу добро знаат кога не им посветувате внимание. Дел од нештата што кучињата можат да ги „намирисаат“ кај луѓето се навистина вредни за восхит.

РАСПОЛОЖЕНИЕ
Веќе рековме, кучињата се експерти за да провалат каква е вашата емотивна состојба. Така, ако сте под стрес, и кучето ќе биде под стрес. Ако сте тажни, ќе стане наметливо, се со цел да ве утеши. Доказ за тоа се и тврдењата на многу од тренерите на кучиња, кои велат дека постигнале сосема различни резултати во зависност од расположението на тренерот.

Dog_dog-scared_shutterstock_49980124-1200x627[1]

ВНИМАНИЕ
Можеби не изгледаат така, но кучињата добро знаат кога не ги гледате. А тоа ќе го искористат за во точно време да направат некој лукав потег, кој инаку не би смееле да го направат. Веројатно токму заради оваа способност толку ненадејно ви исчезнал сендвичот од чинијата.

НЕЕДНАКВОСТ
Едно неодамнешно истражување открива дека кучињата имаат чувство за неправда. Земале две кучиња и им задале одредена наредба. По извршувањето, едно од кучињата добило слатка награда, а другото не. Песот што не добил ништо за возврат, набрзо престанал да ги исполнува наредбите на истражувачите, дури до степен што тотално ги игнорирал.

mandanddog[1]

БОЛЕСТ
Многу од сопствениците на кучиња ќе ви кажат дека тие им се одлична утеха кога се болни. Покрај тоа, докажано е и дека кучињата можат да намирисаат одредени клетки на ракот, и тоа преку примероци од крвта. Научниците се надеваат дека во иднина ќе можат многу повеќе да се потпрат на оваа нивна способност и конечно да забележат значително подобри резултати во борбата со оваа болест.

ЛАГА
Едно јапонско истражување откри дека кучињата се способни да научат да не им веруваат на луѓето што лажат. Со други зборови, тие знаат кога се прелажани и учат да не наседнуваат на идните трикови на личноста што ги лаже.

- Реклама -