Неверојатна сторија за животот, смртта и среќата

Самите сме креатори на својот живот. Глупости!

Во 1999-та, 37-годишниот Бил Морган бил обичен камионџија и живеел во приколка во Австралија. Доживеал страшна несреќа, од која успеал да се извлече жив. Сепак, лековите што ги пиел при опоравувањето му предизвикале екстремна алергиска реакција, што на крајот придонела неговото срце да запре.

Рековме ли на крајот? Откако бил мртов 14 минути, докторите успеале да го вратат во живот. Обично при ваквите ретки случаи, пациентите завршуваат со трајни мозочни оштетувања, водејќи до вегетирање. На почеток изгледало дека токму тоа го чека и Морган. Откако срцето почнало пак да му работи, тој долго бил во кома, а докторите 2 пати препорачале да ги исклучат апаратите за животна поддршка, сметајќи дека смртта е неизбежна.

flatline

Неверојатно, по 12 дена, тој магично се разбудил од кома, и што е уште пошокантно, бил потполно здрав, без никакви мозочни оштетувања ниту било какви други долгорочни последици од настанот.

По опоравувањето, Морган нашол нова работа, а како што е случај кај блиските искуства со смртта, бил фокусиран на посуштински нешта. За помалку од година, ја запросил својата долгогодишна девојка. Пресреќен што е жив и што саканата прифатила да му биде сопруга, тој купил лотариски тикет. Погодете… Освоил автомобил вреден 17.000 (околу 25.000 денешни) австралиски долари.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

mini-CIMG2886

Обично ваква награда нема да ви донесе многу популарност, но со оглед на неговата сторија, локалните вести биле нестрпливи да ја пренесат приказната. За време на интервјуто, тие го замолиле да купи и да изгребе една грепка пред камерите, како реконструкција на настанот, што Морган радо го прифатил. Во моментот кога го направил тоа, шокирано погледнал во камерата и рекол: „Штотуку освоив 250.000 (денешни 350.000) долари! Не се шегувам!“. Да, овојпат го освоил џек-потот.

bill-morgan

Новинарите останале со зинати усти, но исто така и неговата сопруга, кога и кажал дека ќе можат да си купат куќа. „Се надевам само дека не си ја искористи сета добра среќа“, вели таа насмеано.

- Реклама -