Неверојатен удар на Рожер Федерер на УС Опен (видео)

ФедерерРожер Федерер изјавил дека ударот меѓу нозе кој го извел на минатогодишниот U.S. Open бил најдобриот удар во неговиот живот. Но, веќе не е така. На овогодинешниот турнир, освојувачот на 16 Гренд Слем титули извел сличен, но поимпресивен удар уште во првата рунда.

Рожер Федерер изјавил дека ударот меѓу нозе кој го извел на минатогодишниот U.S. Open бил најдобриот удар во неговиот живот. Но, веќе не е така. На овогодинешниот турнир, освојувачот на 16 Гренд Слем титули извел сличен, но поимпресивен удар уште во првата рунда.

За време на лесната победа против Брајан Дабул, Федерер во обид да спаси поен, успеал да освои поен со удар помеѓу нозе. Но, ударот, и покрај тоа што е неверојатен не е ништо ново, барем не за него. Спектакуларен е резултатот – поен. Не би било ништо посебно ако Федерер ја врати топката во полето на Дабул на овој начин, но тој успеа да ја врати на единственото место каде што противникот не можеше да ја стигне.

{youtube}5ZnC6jcRQRg{/youtube}

Овој удар најверојатно е подобар од претходниот поради реакцијата на Федерер на лобот на Дабул. Федерер беше излезен на мрежата, чекаше да види што ќе направи противникот пред да тргне во спринт по топката. Во трк, на два-три чекори од ѕидот Федерер ја врати топката преку целиот терен за да го освои поенот и притоа направи сето тоа да изгледа како обичен потег.

- Реклама -