Неверојатен концепт за мост во Париз

Овој мост е навистина неверојатен. Мостот би можел да биде причина за неколку скршеници, но тоа е разумна цена за забавен начин за минување преку Сена.

Мостот е дизајн на Atelier Zündel Cristea направен за конкурс за нов мост во близина на мостот Bir-Hakeim во Париз. Тие објаснуваат: „Условите на конкурсот, Мост во Париз, ни овозможуваат да сместиме архитектонска рефлексија со современо урбано уживање. Ние мислиме дека Парис има доволно мостови за нормален проток на возила и пешаци преку реките.“

„Нашата намера беше да ги охрабриме посетителите и жителите на Париз да се забавуваат кога ќе минуваат преку реката.“ Со други зборови, „Еве ви мост трамполина луѓе!“ Мостот е направен од модули на надувување со дијаметар од 30 метри“ и полни со „3.700 кубни метри воздух“. Секој модул има трамполина во центарот а на двата краеви има скалила за качување и тобогани за симнување. Секој град би требало да има по еден ваков мост.

- Реклама -