Неверојатен хокеј шут (видео)

хокејМајк Крисчитело го видел овој шут на видеа на YouTube и се обидувал да го изведе веќе неколку години. Средношколецот се обидувал толку долго што неговите соиграчи очекувале тој да се обиде и на натпревар. На 11 февруари за време на едностран натпревар кој завршил 8:4, во кој тој постигнал 5 голови, решил да се обиде повторно.

Но, интересно е што Мајк вели дека инспирацијата за овој удар не ја добил од професионални хокеари или од играчи од неговата генерација. Тој вели дека главна инспирација му бил девет годишниот Оливер Валстром кој успешно го извел во 2009.

{youtube}KeOzysxTHok{/youtube}

- Реклама -