Најдобриот фудбалер на планетава, Лионел Меси, момчето кое важи за едно од најкоректните на теренот и изминатиов викенд го привлече вниманието на медиумите. Но, овој пат по крајно некоректниот потег на натпреварот против Селта.
Меси, како што пишуваат шпанските медиуми, очајно посакувал раѓањето на својот син Тиаго да го прослави со погодок на дуелот против Селта. Каталонците победија со 3:1, но Меси не се запиша во листата на стрелците. Па сопствената нервоза во еден момент ја истури по грбот на фудбалерот на Селта, Џонатан Вила.
Шпанските медиуми потенцираат дека многу често и судиите му прогледуваат низ прсти на Меси, како и целокупната јавност која доколку во прашање беше, на пример Кристијано Роналдо, веќе ќе беше „распнат“…
„Меси не е наивен како што се обидува да се прикаже. Некако зачестија неговите некоректни потези на теренот. Овој пат се извлече и поради тоа што претходно Вила направи помал прекршок врз него, иако тоа не смее да го оправда тоа што потоа посака да го удри без никаков меѓусебен дуел“ пишуваат шпанските медиуми.