Несоницата може да доведе до лудило

insomnia_1_4_ppСпиењето е една од основните потреби на човекот, а стресовите во текот
на денот доведуваат до нарушување на спиењето. За среќа, постои начин
како да го решите проблемот со несоницата.

 

insomnia_1_4

 

Спиењето е една од основните потреби на човекот, а стресовите во текот на денот доведуваат до нарушување на спиењето. За среќа, постои начин како да го решите проблемот со несоницата.

Секој може да страда од несоница, но најчесто нарушување на спиењето се јавува кај жените, и тоа најмногу во периодот на менопаузата. Често ги мачи и болните, пушачите и алкохоличарите. Во последно време несоница се јавува и кај младите. Иако не можеме да ја наречеме болест, ниту пак е опасна по животот, несоницата сепак може да предизвика фрустрација, нестабилност, депресија, па дури и лудило.

Видови несоница

Постојат два основни вида несоница: хронична, која трае неколку дена, месеци, па дури и цела година, и несоница што трае неколку дена и обично е предизвикана од некои стресни ситуации (испит, венчавка и слично).
Несоницата може да се јави и во други форми. На пример, немирен сон со чести будења, по кои тешко повторно се заспива. Ова е карактеристично за лица по 40-та година. Будење во раните утрински часови по кое нема повторно заспивање е карактеристично за постарите лица или за луѓе со сериозни проблеми. Големи тешкотии при заспивањето, пак, обично се јавуваат кај помладите.

Симптоми и причинители

Несоницата најчесто е предизвикана од некои случки за кои воопшто не помислувате како на причинители, на пример, преселба, почнување студии, промена на климатски услови, депресија, грижи, тага, болка (една од најчестите причини), висок притисок, анорексија, никотин, кофеин, дрога и слично. Дури и таблетите за спиење можат да придонесат за нарушување на спиењето. Тоа важи и за таблетите за контрацепција, таблетите за слабеење, стимуланси и слично.

Како да си помогнете

Треба да вложите голем труд и да имате волја, но најважно од се е дека можете сами да си помогнете, на начин и во време што вам ви одговараат. Се разбира, може да побарате помош и од психолог или од лекар, но во повеќето случаи тоа не е потребно. Она за што треба да се подготвите е промена на начинот на живот.

Променете ја околината

Пред се потребен ви е удобен кревет во соба каде што нема врева. Најдобро е кога собата е изолирана, топла и затемнета. Но, тоа не е секогаш можно, зошто можеби имате „весели“ соседи, или вашиот партнер рчи, но секогаш постои начин некако да си помогнете.
Доколку креветот не ви одговара, веднаш заменете го со некој во кој ќе се чувствувате удобно. Посветувајте многу внимание на хигиената на спалната соба. Ако, пак, ви пречи светлината, сменете ги завесите или користете маска за очите. Нормално, доколку имате спротивен проблем и не можете да спиете во мрак, тргнете ги малку завесите од прозорецот за да влегува малку светлина од уличното осветлување.
Една од најголемите причини за несоницата е вревата, но ако не постои начин да ја спречување, проблемот ќе го решите со мали чепчиња за уши. Пред спиење можете да правите вежби за опуштање, а ако не ви помогне ништо од наведеното, поразговарајте со соседите да се обидат да бидат потивки.

Променете го начинот на живот

Доколку не ви пречат наведените причинители на несоница, а и понатаму не можете да спиете по осум часа, време е за некои промени во вашето секојдневје. За почеток треба да се откажете од сите стимуланси. Тоа значи дека треба да ги исфрлите кафето, чајот, алкохолот, никотинот, газираните пијалаци, зачините, таблетите за слабеење и слично.
Редовно вежбајте, воведете си рутина секоја вечер да спиете по 7-8 часа и секогаш станувајте во исто време. Еден час пред да отидете на спиење, опуштете се и физички и психички, подгответе си топла бања, вежбајте јога или прошетајте. Доколку мозокот ви работи 200 на час, запишете се што ви паѓа на памет и потоа заборавете на тоа. Заменете ги негативните мисли со позитивни и одете во кревет само кога сте навистина уморни. Избегнувајте да спиете преку ден, без разлика колку сте уморни. Не легнувајте си кога сте под стрес, по караницата со партнерот, не гледајте телевизија во кревет и не јадете во кревет. Исто така не е дозволено спиење пред телевизор ниту јадење многу доцна. И не кревајте паника ако не можете веднаш да заспиете.

Се разбира, не мора да ги примените сите совети. Одлучете кои би можело најмногу да ви помогнат и применете ги, а ако не ви помогнат, пробајте со другите. Додека се трудите да го решите проблемот со несоницата ни за момент не заборавајте ја својата цел.

Храна што може да ви помогне

Ако имате проблем со несоница, избегнувајте да јадете пред легнување. Најдоцна еден час пред спиење напијте се топло млеко со мед, изедете парче леб со мед, напијте се чаша чај од билки или пак топла вода со мед и со лимон.

виа.

- Реклама -