Непушачи-активисти претепани од пушачи во Москва

Moskva[1]

Во самиот центар на Москва, триесетина пушачи ги нападнале и претепале припадниците на антипушачкото здружение „Лавот е против“.

Добар дел од активистите морале да побараат медицинска помош, а предводникот на „лавовите“ изјави дека полицијата не успеала да фати ниту еден од агресивните пушачи… тепачи де.

Се чудите и вие зошто? Мал поглед во работата на здружението може да укаже на одговорот. Имено, активистите на ова анти-пушачко здружение го обиколуваат рускиот главен и на пушачите и на оние кои пијат алкохол на јавно место им „апелираат“ да прекинат.

Интернет пресуди: „Си заслужиле. Од непушачите се подосадни само поранешните пушачи. Бетер се од вегани“.

Во меѓувреме (на почетокот на годинава), Русија знае да избаци и по нешто вакво:

12728957_1065731106801662_4715162409146784755_n[1]

„Пушењето убива повеќе луѓе од Обама, иако Обама убива многу луѓе. Не пуши – не биди како Обама“.

- Реклама -