Шест непознати непознати непријатели на кожата

Редовно менувајте ги постелнината и пешкирите со кои се бришете. Бидете наспани и хранете се здраво. Ако ги почитувате овие совети ќе имате одличен тен, но внимавајте и на останатите, помалку познати непријатели на кожата.

Предмети што се допираат до лицето

Додека зборувате на телефон или ако често го допирате лицето со рацете, создавате погодна „почва“ за лепење на бактериите на лицето. Водете сметка за хигиената.

Стрес

Стресот предизвикува многу здравствени проблеми, а меѓу нив се вбројува и интензивното лачење на хормони, што може да предизвика појава на акни.

Перницата и пешкирот

Додека спиете, кожата на лицето се регенерира и ги исфрла изумрените клетки кои потоа остануваат на перницата. Истото се случува и со пешкирот со кој го бришете лицето, а тој е уште подобро место за бактериите, поради влажноста. Затоа редновно менувајте ги постелнината и пешкирите, за кожата да биде изложена на што помалку бактерии. Користете минимална количиња прашок за перење и омекнувач за алишта, затоа што и тие може да предизвикаат несакани алергии на кожата.

Пречесто чистење на кожата

Ако повеќе од два пати дневно користите средства за чистење на кожата, или ја миете со препарати што ја сушат за да се ослободите од масниот сјај, тогаш ќе добиете целосно спротивен ефект. Пречестото миење на кожата ја одзема нејзината природна влажност, која потоа се надокнадува со лачење на уште повеќе маснотии и на тој начин се создава еден постојан круг. Наместо постојано чистење, важна е хидратацијата.

Производи за коса

Со секое допирање на косата на лицето, се пренесуваат и остатоците од средствата за нега на влакната, како регенератор, гел или лак, но и нечистотиите од косата. Тоа се случува додека спиете или ја миете косата. Затоа добро измијете ја косата при бањањето, држете ја што подалеку од лицето или користете што помалку средства за коса, кои поради силиконот или останатите состојки што ги содржат ги затвораат порите.

Сончање

Умереното сончање е добро за тенот, но претераното има тотално спротивен ефект.

- Реклама -