Непремиерот Заев на постновогодишно кафе со Борисов, ќе дискутираат за придвижување во заедничката комисија

Во јануари, по Нова година, иако веќе нема да биде премиер, Зоран Заев планира да оствари неформална средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, потврдуваат владини извори.

Заев ќе оди на посета на својата ќерка која студира во Софија, па ќе ја искористи приликата „да испијат по едно кафе“ со пријателот Бојко, велат од владата.

На средбата, меѓу другото, покрај размената на разни политички идеи, ќе се разговара и за Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања, чија работа во моментов е во ќорсокак поради нecогласувањата околу клучните прашања, меѓу кои и Гоце Делчев. На средбата Заев и Борисов ќе се обидат да ја придвижат работата на Комисијата, макар што владините извори велат дека најдобро е разврската во Комисијата по чувcтвителните пpaшања да се остави за по изборите, за да не се злoyпотpeбува во пpeдизборната кампања. Македонската страна од Комисијата веќе побара да не се одржуваат средби сѐ додека не завршат избopите, но отворена е за размена на идеи, материјали и забелешки.

„Дружбата“ во Софија, инаку, била договорена на американскиот носач „Хари С. Труман“, каде на средба со американскиот адмирал Џејмс Фого, покрај Заев, Шекеринска и Џафери, беа и Борисов и бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. На средбата, пишува „Фактор“, можно е да присуствува и некој од министрите, најверојатно Никола Димитров.

Според „Плусинфо“, пак, тоа што владините извори потврдуваат дека Заев нема да оди на средбата во улога на премиер, е потврда дека изборите ќе се одржат на 12 април, како што беше договорено.

 

- Реклама -