Резултатите од едно неодамнешно истражување покажале дека работата и сексот се во пропорционална врска, односно колку повеќе време се поминува на работното место толку се поголеми шансите за врска со колегата/колешката.
Ова особено се однесува на програмерите, банкарите, новинарите и медицинските работници.
Експертите тврдат дека неплатената прекувремена работа дури за пет пати повеќе ги зголемува шансите за неформални блиски односи меѓу колегите од една компанија. Ова не се однесува на платената прекувремена работа.
Овој феномен социолозите го објаснуваат со фактот дека работниците кои не добиваат материјална потврда на сработените прекувремени часови се стремат да добијат емоционална награда за сопствениот влог наоѓајќи се во таква ситуација. Освен тоа, кај вработените кои многу време поминуваат заедно се раѓаат повеќе заеднички теми за разговор за разлика од кај сопружниците кои се гледаат поретко.