Познатиот актер покажа дека се уште не е за фрлање, а снимено е и како се „журка“ и забавува во Лас Вегас!
Познатиот актер и пејач Вил Смит бил специјален гостин во Лас Вегас. Прво требало само да го гледа сетот на синот Треј, попознат како DJ Acea, но не можел да одолее на сцената.
Затоа се протнал меѓу тимот и почнал да врти со колковите и да ги забавува сите околу базенот.
Во текот на забавата на Фејсбук објавил и видео, се фотографирал со DJ Jazzy Jeff но и го отпеал својот голем летен хит „Summertime“.