Летото е идеално доба за шарени детали, а секоја девојка на која и е важен изборот на модните детали и воопшто модните парчиња во нејзината колекција, сигурно за летово има подготвено нешто неонско.
Модните детали во неонски бои уште минатата година станаа вистински хит, а трендот продолжува и оваа сезона.
Доколку сакате да останете во „колосек“ кога е модата во прашање, тогаш и оваа година слободно можете да носите маици, бикини, ташни, аксесоари и фустанчиња во весели неонски нијанси.
На оние похрабрите им препорачуваме освен ситните детали, во целост да ги искомбинираат неонските нијанси, од глава до пети. Сепак, доколку не се чуствувате пријатно кога го привлекувате вниманието, доволно е да запазите на деталите, односно да се задоволите со неонски бои на лакови и накит.