Денеска повторно се очекува голема бројка на новодијагностицирани во последните 24 часа. Продолжува и да расте бројката во главниот град.
Според неофицијалните податоци, во изминативе 24 часа се регистрирани дури 120 случаи само во Скопје, објави „Фактор“, повикувајќи се на извори од Комисијата за заразни болести. Исто така неофицијално, повторно општината со најголем број позитивни случаи е Чаир. Во оваа скопска општина се регистрирани 60 до 70 новозаразени.
Како што пренесува порталот, од Комисијата најавуваат дека денешниот број на новозаразени во целата држава може да надмине 160. Сепак, потенцираат, ова се само неофицијални бројки.
„Нетпрес“, пак, според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, дознава дека во изминатото деноноќие се дијагностицирани над 154 новозаразени со коронавирус, од кои дури 115 случаи се во Скопје.
Она што е официјално е дека од 1535 активни случаи на Ковид-19 во државата, најмногу има во главниот град – 844, потоа во Штип – 186, во Куманово – 155 и во Тетово – 145.
Во Скопје, општина со најмногу заразени останува да биде Чаир, каде вчера беа соопштени 19 новозаразени, со 214 од вкупно 844 активни случаи на Ковид-19 во главниот град. По Чаир, следуваат Гази Баба, Аеродром, Бутел, Центар, и Карпош, сите со над 70 активни случаи.
Табелите по градови и по општини во Скопје и Тетово изгледаат вака: