Неодолива долна облека по којa мажите лудуваат

Неодоливата долна облека е секогаш добар стимуланс, а еве и неколку парчиња на кои ниту еден маж нема да може да им одолее.

1. Заводлива наметка за елегантни дами

Жените често мислат дека мажите не сакаат наметки, но доколку го дочекате во некоја свилена под која наѕира вашата секси долна облека, сигурно нема да остане рамнодушен.

RubljeOgrtac01

2. Бел корсет

Долната облека во бела боја истовремено изгледа секси и невино, па многу мажи едноставно ја обожаваат. Корсет во бела боја е полн погодок, особено доколку веќе сте започнале да работите на потемнување на тенот.

RubljeNeviniKorzet

3. Високи мрежести чорапи или подвезици за холивудски изглед

Доколку сакате на вашиот љубен да му приредите вистинско филмско доживување, облечете црни „самодржeчки“ чорапи и подвезици.

RubljeSamostojeceCarape

4. Нешто црвено за жешки заводнички

Црвеното секогаш пали. Доколку сакате да ја разбудите заводничката во себе, со црвена долна облека сигурно така и ќе се чувствувате.

RubljeCrveno33

5. Секси ноќница за жешки ноќи

Памучните пижами се секси, но свилената или сатенска ноќница со сигурност ќе ви приредат искуство за паметење.

RubljeSpavacica

- Реклама -