Вчера ги изгасивме светлата и и посветивме еден час на нашата планета, но постои долга листа на секојдневни активности кои исто така ја повредуваат околината. Овие навидум безопасни нешта и тоа како придонесуваат во емисијата на јаглероден диоксид (CO2), но и на други штетни гринхаус гасови. Праќање на смс, јадење на јаболко или гледање ТВ – секоја од овие активности има свој карбонски „футпринт“ (траг).
Колку за увид, тоталната глобална емисија на CO2 за 2010-тата е проценета на 49 гигатони (т.е. 49 билиони тони).
Дури и праќањето на краток и-меил има футпринт од 4 грама на CO2 еквивалент. Процесот ги вклучува гринхаус гасовите произведени при работата на компјутерот, серверот и рутерите. И-меил пораките со поголеми атачменти, пак, емитираат околу 50гр. CO2. Дури и спам пораките што не се отворени од страна на примателот имаат футпринт од 0.3 грама Co2. Годишниот глобален футпринт на спам пораките е рамен на оној на 3.1 милиони патнички возила, заедно со 7.6-те билиони литри гориво потребни за нивната функција.
Меѓу другото:
• Една обична текст порака на мобилниот е заслужна за емисија на 0.014гр. CO2.
• Една обична пластична ќеса има футпрринт од 10гр. Co2, додека хартиена ќеса значи нови 40 грама карбон-диоксид во атмосферата.
• Една чаша вода од чешма „чини“ 0.14гр., a едно шише флаширана вода од продавница „чини“ 160гр. CO2.
• Големо капучино има футпринт од 235 грама Co2.
• Зовриена количина вода потребна за едно кафе – 21 грам Co2. Исто толку штета прави и една шолја чај.
• Еден час гледање телевизија на 15-инчен LCD екран има футпринт од 34 грама CO2. На 32-инчен екран – 88 грама нов карбон диоксид. 1 час телевизија на 24-инчен плазма монитор, пак, придонесува со 220гр. јаглероден диоксид.
Едно е сигурно, ако сака да опстане, човештвото ќе мора да ги избере приоритетите. Подобро порано, отколку подоцна.