На голем дел од луѓето не би им било пријатно да живеат под покрив кој што е тежок колку просечен брод.
Меѓутоа, тоа е сосема вообичаено за жителите на Монсанта во Португалија, кои своите домови ги изградиле на начин што се вклопува во опкружувањето.
Селото се наоѓа на врв на планина, стеснето меѓу, па дури и под огромни карпи.
Џиновските камења имаат улога на под, ѕид, па дури и врв на домовите, кои се направени уште во 16 век.
Монсанто во 1938 е прогласено за „најпортугалско село во Португалија“, иако во него нема ништо вообичаено.
Припаѓа на општината Идања а Нова, блиску до границата со Шпанија, а главно превозно средство за неговите 800 жители и понатаму остануваат магарињата.