Необични совети за нега на телото што делуваат

Често пати во текот на денот ни се случува да немаме доволно време или средства кога е во прашање негата на телото. Затоа прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат да изгледате здраво и убаво, а одземаат малку време и пари.

-Ако очите ви се отечени затоа што сте спиеле малку или имате подочници исечете компир на кришки и две од нив дрежете ги на капаците 10 минути. Компирот ќе ги олади вашите очи и ќе го намали отокот.

m223898694

-Доколку почне да ви се појавува целулит искористете го талогот од кафето. Кофеинот ќе ги стимулира ќелиите на кожата и ќе ги отстрани мртвите.

-За да избегнете траги од маскарата, со пластична лажица заштитете го капакот. На тој начин вишокот маскара ќе остане на лажицата, а не на капакот на окото.

Woman Eye

-Дали сте знаеле дека совршена замена за маската за коса е мајонезот. Држете го на коса 20 минути, а за поефикасно дејство загрејте го со фен.

-Доколку лакот за нокти има грутки тоа е затоа што бил изложен на висока температура. Во текот на летните денови чувајте го лакот во фрижидер.

pink_spill

-Ако се брзате по домашен маникир, слободно потопете ги ноктите во студена вода и тие ќе бидат спремни.

- Реклама -