Кога патувате во странство, важно е да ги знаете барем основните обичаи на другите земји, за случајно да не ги навредите своите домаќини. Ова се дел од најнеобичните обичаи од земјите низ целиот свет.
Русија
Кога сте во Русија, не подарувајте жолти цветови, бидејќи тие означуваат измама или крај на врската. Исто така, избегнувајте црвени каранфили, кои традиционално се носат на гробишта или им се подаруваат на воени ветерани.
Египет
Во Египет се смета за навреда за домаќинот ако додадете сол во јадењето. Тоа би значело дека оброкот не е доволно вкусно зготвен.
Венецуела
Никогаш не пристигнувајте на време. Ако ве поканат на кафе или на ручек, отидете 10 до 15 минути подоцна од договореното време. Гостите што доаѓаат на време се сметаат за некултурни, дури и алчни.
Норвешка
Однесувањето на трпезата е многу важно во Норвешка. Таму сите јадења се јадат со прибор за јадење, вклучително и сендвичите, кои се јадат со нож и виљушка.
Унгарија
Во Унгарија се смета за непристојно да се чукнете со чашите при здравица, особено ако пиете пиво. Обичајот потекнува од војната со Австрија, поточно од 1849 година, кога Австријците погубиле 13 водачи на унгарската војна и прославиле со здравици со пиво. Оттогаш, Унгарците се заколнале дека нема да постои чукање на чашите при здравици, барем 150 години.
Турција
Ако соработувате со Турци и тие ве поканат на деловен ручек, едноставно не смеете да помислите да ја платите сметката, затоа што ќе го навредите домаќинот. Можете да понудите да платите, но секогаш ќе бидете одбиени.
Кореја
Ако се допишувате со Корејци или пак им пишувате честитка со некој подарок, внимавајте на бојата на мастилото. Ако напишете име на Кореец со црвена боја, тоа значи дека личноста е почината.
Финска
Финците ги гледаат сауните како најдобар начин за релаксација со пријателите и соработниците. Без разлика дали работите со Финци или пак сте запознале тамошни пријатели, ако ве поканат во Сауна по оброкот, тоа значи дека им се допаѓате и би било многу непристојно да ги одбиете.
Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk