Необичен спој на дизајнерски карти

„52 асови“ е шпил што содржи 52 екстремно различни карти за играње. Основната идеја зад овој шпил карти била да секоја поединечна карта биде дело на различен интернационален дизајнер.

Овој несекојдневен спој на поединечни дизајнерски визии е спакуван во луксузна црна кутија, која содржи вкупно 54 карти, 52 стандардни и 2 џокери. Висококвалитетното пакување ќе се продава во лимитирана серија од 999 копии.

Меѓу дизајнерите што се потпишуваат на „52 асови“ се вбројуваат и Хонатан Кантеро и Серхио Мембриљас од Шпанија, Ларс Хенкел и Ирис Лукхаус од Германија, Италијанецот Никола Фелако, како и голем број американски дизајнери.

Форматот на овој шпил е еднаков на оној на картите наменети за покер, а ќе се продаваат по цена од 28 евра, плус трошоци за достава.

- Реклама -