Необична изложба: Како живеел просечен Југословен

Изложбата „ Živio život“ која овие денови може да се види во центарот на Белград, говори за начинот на кој еден просечен Југословен живеел во периодот од 1950. до 1990. година на минатиот век. 

Без осврнување кон политичките настани во поранешната држава и на идеологијата која владеела во тоа време, авторите на изложбата сакале да го покажат секојдневниот , приватен живот.

„ Ние не се држевме до некои политички години, бидејќи ова е изложба која говори за приватниот живот. Нема никаква допирна точка со политиката или со тогашната идеологија.  Се занимаваме со феноменалните секојдневни животи, музиката, спортот, исхраната… Објаснуваме што јадел и пиел еден Југословен, што го правело среќен, како и поради што тагувал, што гледал на телевизија, кои се тие емисии“, вели еден од авторите на изложбата.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 21 22 aa_picture_20131222_1221790_web aa_picture_20131222_1221807_web

- Реклама -