Необичен природен феномен во Шведска што ќе трае два месеца

Во овој период од годината, на крајниот север на Шведска, Сонцето не оди под хоризонтот, не заоѓа, па затоа е 24/7 ден.
Со овие зборови, пред неколку дена, Туристичкиот одбор на Шведска го најави почетокот на необичен природен феномен кој ќе трае следните два месеци. Нивната објава на официјалната фејсбук-страница предизвика вистинска бура од ентузијазам, а мотивираше многумина да ја искусат магијата на „полноќното Сонце“ на северот на Европа.
Поларниот ден или полноќното Сонце, како што се нарекува, е фасцинантен природен спектакл кој се манифестира на територијата северно од арктичкиот круг и јужно од антарктичкиот круг. За разлика од вообичаените дневни циклуси, за време на оваа појава, Сонцето не заоѓа под хоризонтот, туку останува видливо 24 часа на ден и го осветлува пејзажот со прекрасна шарена палета од сите бои.
– Доживувањето на полноќното Сонце во Шведска може да ви пречи првите неколку дена откако ќе пристигнете, затоа спакувајте маска за спиење ако сакате малку да поспиете. Дури и луѓето што живеат во шведска Лапонија имаат проблеми со спиењето, а продажбата на затемнетите завеси функционираат многу добро – пишува веб-страницата „Визит Свиден“. Тие додаваат дека уживањето во бескрајните летни денови во Шведска е незаборавно искуство и дека можете да спиете кога ќе се вратите дома.

Извор