Необичен генијалец (видео)

Моше Можете да замислите да дипломирате на 11 години, со највисок просек? Моше Каи Кавалин не мора да замислува. Со дипломата в рака, тој веќе е на пат да го оствари својот сон, да стане астрофизичар кој ќе ја истражува проблематиката на црните дупки.

Можете да замислите да дипломирате на 11 години, со највисок просек?
Моше Каи Кавалин не мора да замислува. Со дипломата в рака, тој веќе е
на пат да го оствари својот сон, да стане астрофизичар кој ќе ја
истражува проблематиката на црните дупки.

Моше Каи КавалинЕдинаесетгодишното момче од Калифорнија, син од татко Евреин и мајка Тајванка, има необични идоли. Двајцата најголеми – Алберт Ајнштајн и Брус Ли. Малиот Моше Каи Кавалин кој штотуку дипломираше на Јавниот колеџ на Источен Лос Анџелес, покрај тоа што веќе цврсто чекори по академскиот пат; вљубеник е и во бројни боречки вештини. Тренира уште од малечок и до сега има освоено бројни трофеи на разни државни и национални првенства. Згора на сè, Моше свири и на пијано и тоа прилично добро.

Сепак, една од најзначајните карактеристики на овој генијалец е токму фактот што му пречи да го нарекуваат генијалец. Тој изјави: „Се сметам себеси за обично дете кое работи напорно и дава сè од себе“.

Пред да замине на некој универзитет за да си го оствари сонот и да стане астрофизичар, Моше одлучил да направи пауза која ќе трае помеѓу  6 месеци и една година, време што ќе го искористи за пополнување на дупките во тренинзите по боречките вештини, како и за пишување книга за деца на тема – како да успеете во образованието. Дополнително, сака да се занимава и со нуркање.

На тема – што никогаш нема да направи; Моше одговорил дека никогаш нема да игра видео игри, зашто тоа е просто губење време што никогаш не може да му помогне на човештвото.

{youtube}7V6q11WZgHA{/youtube}
- Реклама -