NAO Next Gen робот на Алдебаран Роботикс (видео)

роботNAO роботот на Алдебаран веќе бил симпатичен и корисен, но неговата следна генерација е попаметна, поподвижна и би можела во блиска иднина да биде користена како асистент за стари лица и деца со пречки во менталниот развој.

Како прво Next Gen моделот има посилен процесор, 1.6 GHz Atom. Исто така новата верзија е опремена со две HD камери и способност за процесирање на две снимки истовремено. Ова го подобрува препознавањето на лица и предмети дури и во променливи светлосни услови. Роботот е исто така опремен и со звучен сензор за проценување на растојание, два инфрацрвени емитери и приемници, девет сензори за допир и осум за притисок. Сè на сè, импресивен сет на алатки кои му овозможуваат на роботот подобро да се движи низ својата средина.
 
{youtube}nNbj2G3GmAo{/youtube}

- Реклама -