Сакајќи да откријат дали постои горна граница на старост, до која што човекот може да досегне, француските истражувачи дошле до интересно откритие.„ Биолошкиот лимит“ е тој што ги спречува луѓето да живеат вечно.
Научниците проучувале две групи на луѓе: едната група била составена од 1.205 „суперстогодишници“ кои што биле на возраст од 110. години или постари во периодот меѓу 1899 и 2013, и втората група од 19.012 атлетичари што се натпреварувале на Олимписките игри од 1896 до 2012.
За атлетичарите, имено, се смета дека живеат долго.
Кај стогодишните, експертите забележале дека долговечноста постепено растела се до 1997. Сличен феномен е забележан и кај атлетичарите.
Овие трендови меѓутоа „не укажуваат на никакво зголемување на долговечноста во брзо време“, истакнаа француските научници, што не е добра вест за луѓето со просечен животен век.
Доколку трендот на долго стареење продолжи, напоменуваат тие, би постоеле докази за се поголем број на луѓе што живеат уште подолго.
Резултатите од студијата, објавени во списанието Journal of Gerontology, ја поткрепуваат теоријата за „невидливата граница“ постојано поместување на границата за стареење.
Научниците сепак, признаваат дека истражувањето е спроведено на релативно мал број луѓе и лимитиран период, па трендот што е забележан би можел да биде само „моментална аномалија“.