Нема Јанева, нема ни патна исправа за Камчев

Утрово до Кривичниот суд е испратено негативно мислење за барањето на бизнисмените осомничени во истрагата за „Империја“ да добијат привремени патни исправи со кои би можеле да ја напуштат државата, потврдија од Обвинителството.

Иако е на судот да прeceче, повеќе медиуми од извори од обвинителството дознаваат дека Судот ќе го послуша негативното мислење на поранешната специјална јавна обвинителка – Лиле Стефанова, која повторно го води случајот, Орце Камчев (и Цветан Панделески) да не добие времен документ со кој ќе може, како што бара, да патува во странство заради бизнис средби.

Претходно Камчев доби времена патна исправа на 6 месеци, со потпис на обвинителката Елизабета Јосифовска, а по одлука на тогашната шефица на СЈО – Катица Јанева. Стефанова, како нејзина заменичка, била должна да истата да ја потпише, бидејќи во тој момент Јанева била на одмор.

- Реклама -