Највалканиот предмет што го носите во чантата е кремата за раце. Има повеќе бактерии отколку просечна даска на ВЦ школка, покажа најновото истражување на „Initial Washroom Hygiene“.
Шокантно, но вистинито: женската чанта содржи повеќе бактерии отколку просечната ВЦ школка.
Кожните чанти, пак, имаат повеќе бактерии затоа што нивната текстура претставува одлична подлога и создава одлични услови за размножување на бактериите. Тестовите покажале дека на една од пет рачки на чантите има бактерии кои претставуваат ризик за човековото здравје.
Освен на рачките и на амбалажите на кремите за раце има многу бактерии дури и повеќе отколку на просечната ВЦ школка. Маскарата и карминот се малку почисти.
„Чантите доаѓаат во допир со разни подлоги и ризикот од пренесување на разни видови бактерии е голем, а за развој на бактериите особено се погодни чантите што ретко ги чистиме“, вели Питер Барат, технички менаџер во „Initial Washroom Hygiene“.
Истражувачите советуваат чистење на чантите со антибактериски средства и редовно миење на рацете.