Неколку зборови што го менуваат значењето по 30-иот роденден

Секој од нас има приоритети во животот и ги гледа работите на начин кој се менува, порано или подоцна.

30-те години се една условна граница, која е доста еластичен поим за секој еден од нас. Има луѓе кои доживуваат голема трансформација уште на 25, но и такви кои целиот живот не се менуваат. Не зборуваме за тоа што е правилно,а што погрешно. Секој живее како што сака, но овие разлики статистички се очигледни кај голем број луѓе.

1. Доцна

Пред: 3-4 наутро.
Потоа: Секое време по 11 вечерта.

2. Метаболизам

Пред: Благослов.
Потоа: Проклетство.

3. „Пријатели“

Пред: Забавно шоу за некакви луѓе што стареат.
Потоа: Серија за луѓе помлади од тебе.

friendslead

4. Болка во рбетот

Пред: Нешто што го чувствуваш после кревање на тежок предмет.
Потоа: Нешто со кое што се будиш секое утро.

5. Развод

Пред: Нешто што им се случува на родителите на твоите пријатели.
Потоа: Нешто што им се случува на твоите пријатели.

6. Хотел

Пред: Хостел, сместување, кревет.
Потоа: Место со удобен кревет, минимум 3 ѕвезди, со фен во бањата, по можност и спа центар.

005602-04-bedroom-with-jacuzzi

7. Фразата „Кога бев на твоја возраст“

Пред: Нешто што го кажуваш со иронија.
Потоа: Нешто што го кажуваш целосно сериозно и со доза носталгија.

8. Шопинг

Пред: Модерни се панталониве. Купувам!
Потоа: Овие панталони изгледаат прилично класично.

9. Забави по дома

Пред: Собирање со многу луѓе – стоење со чаша во рака.
Потоа: Собирање со најблиските пријатели – седнати на маса и со многу храна.

dinnerParty_1966631c

- Реклама -