Неколку загинати во тешки руски напади врз украинските градови

Неколку луѓе загинаа во Украина откако Русија истрела десетици проектили врз земјата, при што беа пријавени експлозии од главниот град Киев до источниот град Харков.

Според официјалните податоци, најмалку осум лица загинале низ целата земја, пренесе ДПА.

Само денеска во Харков се пријавени седум смртни случаи и повеќе од 50 повредени. Една жена загинала и во Павлорад во регионот Дњепропетровск.

Според официјалните податоци, повеќе од 20 луѓе се повредени во главниот град Киев.

Оштетени се неколку станбени згради, соопшти на Телеграм Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев. Во еден стан е откриена неексплодирана ракетна боева глава. Целата куќа е евакуирана.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека е погодена повеќекатна станбена зграда во вториот по големина град во Украина. Во еден кварт во градот нема вода и струја.

Прочитајте и:  Каспаров: Конфликтот во Украина е дел од глобалната војна на слободниот свет против диктатурите

Претходното соопштение на воената администрација во Киев за жена која била убиена во градот подоцна беше поправена. Таа всушност била примена во одделот за интензивна нега откако била реанимирана, информира Кличко.

- Реклама -