Неколку работи кои не сте ги знaеле за емотиконите:)

Повеќе... Сигурно користите емотикони односно смајли, но дали сте знаеле дека тие постојат од 1800-та или, пак, кој е нивниот изумител? Еве неколку интересни работи кои не сте ги знаеле за нив.

Сигурно користите емотикони односно смајли, но дали сте знаеле дека тие постојат од 1800-та или, пак, кој е нивниот изумител? Еве неколку интересни работи кои не сте ги знаеле за нив.

Најстарите емотикони
emoticon-puck-1881.gif
Се појавиле на 30 март 1881 год. во сатиричниот магазан Puck. Доколку сакате да го прочитате ова издание од магазинот, можете да го најдете скенирано на Wikimedia.

Емотиконот на Абрахам Линколн

lincoln-emoticon-1862.jpg
Во 2004, тимот од компанијата за дигитало архивирање Proquest, налета на нешто што би можело да биде дури и постаро појавување на смајли во печатот… во преписот на говорот од 1862 година на претстедателот Линколн.

Првиот емотикон на Интернет

emoticon-scott-fahlman.jpgscott-fahlman.jpg

На 19 септември, 1982-та компјутерскиот научник Scott Fahlman ги напиша првите смајли на онлајн пораката кон одборот за да ги оддели сериозните реченици од шегите. Оттогаш, тој е познат како таткото на смајлито.

Западни v.s. Источни емотикони
Како и хип-хопот, и емотиконите имаат свои географски стилови, така, постојат Западни и Источни емотикони. Западните се „читаат“ од лево кон десно, а источните од гое кон долу. 
Полесно е да се обајсни преку примери:
  Западен стил     Источен стил
             🙂                        (^_^)
   
             🙁                        (T_T)
   
              😉                       (^_~)
             :0                       (o_O)
Статистика

Во 2007 г., Yahoo! анкетираше 40.000 корисници на Месинџер и откри дека 82% од нив користеле емотикони во нивните IM разговори, 83% од нив рекле дека „среќниот“ и емотиконот за флерт најмногу ги употребуваат, а 57% од нив изјавиле дека порадо би си ги искажале своите вистински чувства преку смајли, одошто преку зборови.

Еволуција

Потикнати од програмите за инстант пораки како Yahoo! Messenger, Windows Live Messenger, AIM и ICQ, емотиконите брзо еволуираа од текстуални, па се до покомлексна, анимирана графика. Yahoo! Messenger и Skype имаат дури и скриени емотикони, кои нема да ги најдете во менито, но можат да се активираат преку напишаните шорткати.

yahoo-messenger-hidden-emoticons.jpg

hidden-skype-emoticons.png

Дури и Gmail влезе во игра, додавајќи ги т.н. „emoji“ (јапонски израз за графички емотикони). Доколку ги сакате во вашата Gmail сметка, одете само на Settings > Labs, и активиратјте го „Extra Emoji“.

Малку поинакви емотикони

Некој мислел дека кога емотиконите се толку супер, зошто тие да се ограничат само на лицата. Така се родија овие assicons и boobiecons.

Assicons                                     Boobiecons
a regular ass    (_!_)                   regular boobies    (o)(o)
a fat ass    (__!__)                       big boobies    ( O )( O )
a tight ass    (!)                             perky boobies    ( ‘ ) ( ‘ )
a dumb ass    (_?_)                    saggy boobies    ( , ) ( , )
a smart ass    (_E=mc2_)          silicon boobies    ( $ )( $ )
Постои дури и penicon, ако ве интересира како изгледа… па прашајте го Гугл:).
Брендирање на емотиконот

Во 2000-та, Despair Inc., компанијата чиј изум беа духовитите демотивациони продукти, проба да го брендира тажниот емотикон или :-(. И покрај несериозноста на овој потфат (Главниот на Despair Inc. објави во печатот дека ќе ги тужи седумте милиони интернет корисници кои го искористиле емотиконот) компанијата се здоби со голем публицитет.
Неодамна и русинот Oleg Teterin доби идеја да го брендира ;-). Во едно телевизиско интервју тој ја образложи својата „брилијантна“ идеја дека оние што ќе го искористат овој емотикон би требало да побараат дозвола од него, а доколку компаниите сакаат легално да го користат ќе треба да си купат лиценца по цена од неколку илјади долари.
dan-wade-wink.gifЕмотиконмен
Ако емотиконите се емоции искажани преку едноставен текстуален формат, кој е обратниот процес? Еден мултимедијален уметник од Њу Џерси со име Dan Wade ги зема емотиконите и ги демотикува. Погледнете како изгледа тоа на неговата веб страница
Ова лево е ;-).

- Реклама -