На прв поглед делуваат симпатично и безопасно, ама колибрите се вистински летечки нинџи. Орнитолозите ќе ви речат дека овие птици се способни за многу неверојатни нешта и дека не е паметно да се закачате со нив, особено ако не сте свесни што сé умеат.
1. Знаат да побудалат без некоја посебна причина
Рецепторите на колибрите се исклучително чувствителни на шеќер. Заради тоа, ако им дадете храна која не е доволно слатка за нивниот вкус, тие се во состојба сериозно да ви се налутат и да побеснат. Не звучи доволно заканувачки? Продолжете да читате.
2. Брутални се и можат да ве повредат
Да бидеме попрецизни, тоа важи за мажјаците. Имаат многу долг и остар клун, кој го користат како оружје за убивање на другите мажјаци, и тоа со убод во вратот.
3. Машини за пиење
Новите студии покажуваат дека колибрите имаат софистицирани јазици кои функционираат како мини-пумпи. На тој начин, за само неколку секунди, можат да го исцицаат целиот сок од цветот.
4. Имаат мали нуклеарни централи во телото
Океј, не буквално. Ама внатрешноста на нивното тело е вистински енергетски вулкан. Причината е што колибрите имаат најбрз метаболизам меѓу сите топлокрвни ‘рбетници.
5. Колибрите можат да издржат забрзување при кое повеќето пилоти би се онесвестиле
Обучените пилоти можат да поднесат Г-сила од 8 или 9 единици. Колибрите поднесуваат и 10 единици. Тоа значи дека можат да станат побрзи и од спејс-шатл кога се враќа во атмосферата.
6. Го проживуваат животот без да проодат
Заради неверојатната способност да издржат екстремно долго време во воздухот, овие птици најчесто немаат воопшто потреба да одат.
7. Миленици на шпионите
Во 2011-тата беше создаден мал робот, наречен „нано-колибри“. Многу потсетува на дрон, но е инспириран токму од овој вид птици и е екстремно тежок за забележување. Изумот е сместен во Топ 50 најдобри изуми за 2011-та година.