- Габриел Омар Батистута (Рома, 2000/1) – Далечната 1982-83, Рома за последен пат ја имаше освоено италијанската Серија А. Беше тоа 1999-та година кога Капело застана на кормилото на Рома и очајно го посакуваше стариот лисец, 30 годишниот експерт за тресење мрежи, Батигол. Колку и да не се согласуваше претседателот на Рома со одлуката на Капело, сепак изброја 23 и пол милиони фунти и Батистута потпиша за Рома. Заедно со Франческо Тоти и феноменалниот Винченцо Монтела, дечките од главниот град правеа хаос по одбраните на противниците, па ја освоија и долго очекуваната титула 2000/1.2. Андреа Пирло (Јувентус 2011/12) – Јувентус отпадна од првата лига по мегапопуларната афера Калчополи, сезоната 2005/06. Од кога се врати во првата Лига, Јуве не успеа во наредните 6 години ни да се приближи до тронот. 2010 година тогашниот тренер на Милан, Алегри, го ослободи Пирло од сите обврски поврзани со клубот, а со тоа на неговиот колега Конте, од таборот на црно белите му овозможи да го направи дрим тимот на Серија А, кој се засноваше токму на Андреа Пирло. Пирло со Јуве освои 3 титули со што го зазема приматот на најкорисен играч на клубот. 3. Жунињо Пернамбукано (Лион, 2001/02) – Дефинитивно најкорисниот играч кој Лион некогаш го имал. Верувале или не, Лион немал титула во Француското првенство пред доаѓањето на Жунињо. Во неговата ера, односно во седумте сјајни години на Лион, клубот ја освојува лигата 7 пати по ред и има вкупно 14 титули во сите натпреварувања. Жунињо остана запаметен по снажниот удар, прецизниот пас и неверојатната контрола на топка и игра. 4. Клод Макелеле (Челзи 2003/04) – Имено, Раниери е човекот кој го донесе Клод Макелеле во клубот, по отказот во Реал Мадрид. Тогаш претседателот на Реал изјави дека Клод нема нешто претерано да му недостасува на кралскиот клуб. По покажаните игри во Челзи Макелеле го докажа токму спротивното, дека нема клуб кој не би го посакал во сопствените редови. За жал, набрзо и Раниери си доби отпусно писмо од Челзи, а Макелеле доби одврзани раце од неговиот нов тренер Жозе Мурињо, со кој успеа да освои 6 трофеи додека ја бранеше сината страна на Лондон. 5. Денис Беркамп (Арсенал, 1995/96) – Последната титула ја имаа освоено 1991-та, а и играта не им беше на посакуваното ниво. Време беше за промена. Прва жртва беше менаџерот Џорџ Грахам. Брус Риоч беше тој кој го наследи Грахам, а и истиот го намириса Беркамп. Го купи за 7 и пол милиони фунти, но не му даде вистинска шанса за да се покаже на теренот. Беше тоа мачен период за Беркамп, но не траеше долго. Заври сезоната, дојде Арсен Венгер на местото на Риоч и му ја даде целата доверба на Холанѓанецот. Останатото не е потребно ни да се каже. 3 титули меѓу која и онаа со the “Invincibles”.
Беркамп
Батистута
Жунињо