Неколку непознати занимливости за пенисот

Кога мислите дека знаете се, од некаде ќе долета уште некое изненадување.

1. Пушењето може да го скрати пенисот дури за сантиметар. Барем во теорија, ерекцијата зависи од добрата крвна слика, а преголемата застапеност на никотин може да ја наруши нејзината циркулација. Па, ако веќе не ви е грижа за рак на белите дробови, ова со сигурност ќе го вклучи алармот.

2. Просечниот машки оргазам трае до 6 секунди, а женскиот 23. Ако форсирате рамноправност во задоволството – му должите, и тоа уште три пати!

3. Само еден од 400 мажи е доволно флексибилен за самостојно орално да се задоволи. Без натамошни коментари по ова прашање…

4. Постојат два типа пениси: Првиот тип се продолжуваат при ерекција, а вториот се продолжени и пред ерекцијата, па не растат значително при истата. Според анкетата на Men’s Health, дури 79% од мажите спаѓаат во првата група.

5. Мажите што убаво изгледаат имаат појака сперма. Шпански истражувачи им покажале на испитаничките слики од мажи со добра, просечна или лоша сперма, па ги замолиле да го одберат најзгодниот од нив. Жените најчесто се одлучувале за оној чија сперма подоцна се покажала како најсилна.

6. Најчестата причина за кршење на пенисот е енергична маструбација. Некои ризици едноставно не се исплатливи…

7. Пенисот кој бил во контакт со најмногу жени е веројатно оној на кралот Тонг, кој наводно дефлорирал 37.800 жени во периодот од 1770-1784-та година. Во превод, 7 девици на ден. Се се може кога си крал…

- Реклама -