Неколку начини да се изборите со мрзеливоста

Не ни е непознато чувството кога нешто треба да се заврши, но претпочитаме да полежиме во креветот уште малку, или да ја гледаме новата епизода од омилената серија.

Но, додека за повеќето луѓе тоа е привремена состојба, за некои е хронична. Еве како да си помогнете, ако си признаете на себе дека сте мрза од тешка категорија.

1. За да се справите со мрзеливоста, не правете ништо

Сериозни сме. Обидете се. Застанете во средината на собата и не правете ништо – не пијте, не јадете, не читајте, не слушајте музика, не гледајте телевизија, ништо! Ќе видите како само по 10-15 минути ќе добиете желба да завршите некоја задача.

2. Направете нешто за пет минути

Обидете се да поработите пет минути, многу полесно е отколку доколку знаете дека треба да работите цел ден. Пет минути може да издржите сè, а се чини дека е сосема доволно за да започнете со некоја посериозна работа, за потоа да навлезете дотолку што нема да можете да престанете.

laziness-300x197

3. Поделете  ги големите обврски на мали делови

Работете на зголемување на волјата чекор по чекор.

4. Не дозволувајте да ве убие рутината

Правите нешто, а всушност ништо не сте направиле. Јадете, миете чинии, одите до продавница, проверувате пошта, читате блог, сајт… Сето тоа е убаво, но неопходно е да се зафатите со некоја посуштинска обврска, а вашите задоволства да ги оставите за во слободно време.

homer_sleeping_on_sofa_wallpaper_-_1280x8001

5. Започнете со работа наутро

Луѓето се делат на петел и був. Бувовите може да се шетаат по цел ден, наоѓајќи си бескрајни изговори, но да седнат да работат навечер. За петлите се покажа дека можат да работат уште повеќе.

6. Наградувајте се

Здравата работа секогаш треба да биде наградена. Штом сте исполниле некоја од зададените задачи – испијте чаша кафе со вашиот омилен колач или направете нешто со кое што ќе се почестите.

7. Не одложувајте за утре

Знаете дека утре е најнепродуктивниот и фиктивен ден од седмицата, бидејќи постојано оставаме нешто за утре. Ако сакате да го започнете денот соодветно, завршете ја својата работа сега. Утре ќе се појави нешто итно или ќе се предомислите.

de-lazy-mon-ya

- Реклама -