Неколку начини да предвидите какво ќе биде времето, без да користите технологија

Модерната технологија ги мери параметрите и ги пресметува шансите, ама не е во состојба целосно да ги предвиди временските услови. Најдобар показател за тоа какво ќе биде времето во непосредна иднина и натаму е самото небо – нешто на што се ослонуваат дури и нашите баби и дедовци во чие време немало апликации што во секој момент ќе ви кажат дали да носите чадор или очила за сонце.

Еве неколку нешта со чија помош ќе можете да го предвидите времето, во моментите кога технологијата не може.

1. СЛУШАЈТЕ ГИ ШТУРЦИТЕ
Слушајте ги звуците на штурците и избројте колку пати се јавуваат во текот на 14 секунди. На добиениот збир додајте 40 и ќе добиете блиска процена за моменталната температура изразена во Целзиусови степени.

2. ЖАБИТЕ СЕ ГЛАСНИ
Жабите се значително погласни кога наближува дожд или невреме. Ако забележите дека се „понервозни“ од вообичаеното, трчајте по чадор.

3. ЦРВЕНО НЕБО
„Црвено небо навечер, морнарска радост. Црвено небо наутро, морнарите се во опасност“, вели една стара изрека. Ова обично значи дека притисокот е висок и дека облаците доаѓаат кон вас, па очекувајте дожд.

4. ОТСЈАЈ ОКОЛУ СОНЦЕТО
Кога ќе се формира одсјај околу сонцето или месечината, тоа е знак дека можете да очекувате дожд.

5. НАБЉУДУВАЈТЕ ГИ ДОМАШНИТЕ ЖИВОТНИ
Ова е помалку прецизен начин за прогноза на времето, но сточарите велат дека крави обично се групираат заедно кога наближува невреме, бидејќи можат да го почувствуваат нискиот притисок. Тоа е случај и со куќните миленичиња.

6. ПТИЦИ
Кога птиците летаат високо на небото, тоа значи дека ве очекува поволно време.

7. ПЧЕЛИ И ЛЕПТИРИ
Ако ги снема лептирите и пчелите каде што обично очекувате да ги има, тоа значи дека се спрема невреме. И тие, како и повеќето други инсекти, се повлекуваат во своите засолништа.

8. ВЕТЕР
Ветерот што дува од југ носи дожд, додека северните ветрови обично значат ведро небо. Овде се надоврзува и изреката „затишје пред бура“ – ако наеднаш сé се стиши, очекувајте невреме.

9. ОБЛАЦИ
Белите облаци најавуваат добро време, а темните и „злобни“ облаци се предвесници на дожд и невреме. (ова гарант не не го знаевте 🙂 )

10. МИРИС
Нискиот притисок и големата влажност овозможуваат поизразено да го чувствуваме мирисот. Затоа е мирисот на трева посилен кога наближува дожд.

11. ГУСТИНАТА НА ДИМОТ
Ова е добро да се знае ако сте на кампување: густиот дим најавува дожд.

12. ФРИЗУРА
Погледнете се во огледало. Ако ви се крева косата, тоа е знак дека ве очекува дожд.

13. МЕЧКИ
Ако се надвор од своите пештери, гарантирано е добро време.

14. ГУСКИ
Обоеноста на градната коска на гуските може да наговести каква ќе биде зимата. Што потемна, толку полошо време.

- Реклама -