Неколку митови за бременоста

Соопштувајќи им на вашите блиски и сакани дека сте бремени, не треба да се преоптеретувате со сите „народни мудрости”, со кои ќе бидете  бомбардирани. Не се сите  вистинити. Дознајте кои се најголемите митови за блажената состојба.

Убавината е наследна

Ако на лицето на бремената жена се појават флеки, бебето е девојка и таа ќе ја украде убавината на мајката. Д-р Стоун од одделението на перинатална медицина на медицинскиот центар „Маунт Синајнис” во Њујорк вели: „Тоа е смешно, тоа не е вистина. Што всушност значи девојката да ја украде убавината на мајката?”

 Жена која носи високо, ќе има девојка; која носи ниско – момче

„Ова е многу распространет мит, но не е вистина”, според д-р Стоун.

lij

 

 

Суеверие на тема секс

„Сексот ќе предизвика предвремено породување“. Тоа не е вистина. Им советувам на  луѓето да не се откажуваат од љубовта . Вреди да се обидете , вели д-р Стоун.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Да се чувате  од грдото

Ако бремената жена види нешто грдо или страшно, и бебето ќе биде грдо.

– Тоа е двојна лага, прво – за тоа не постои никаков  научен доказ;  второ – ниту едно бебе не е грдо, вели д-р Стоун.

ljm

 

 

Зачинетата храна може да предизвика предвремено породување

„Во повеќето случаи бремените можат да јадат речиси сè, но има одредени производи, кои не треба да се консумираат или да се  избегнуваат  како многу мекото или непастеризирано сирење. Оваа храна, иако ретко, може да има бактеријата листерија која се поврзува со индукција на абортус или предвремено породување. “

- Реклама -