Неколку едноставни пијалоци кои ќе ви го поттикнат организмот за 15 минути

Во овие празнични денови домашните трпези се полни со вкусни јадења во кои уживаме, но на нашиот дигестивен тракт на кој му се потребни влакна, ова воопшто не му одговара. Еве неколку решенија за брза детоксикација:

Млака вода и лимон

Во чаша со млака вода исцедете цел лимон и испијте ја. Овој пијалок можете да го користите и како превенција од честите настинки.

Маслиново масло и лимон

Една лажичка од оваа комбинација претставува вистински лек за поттикнување на варењето. Најдобро е да го конзумирате наутро или неколку часа после оброкот.

LemonWater-start

Сода бикарбона и млака вода

Во чаша со млака вода сипете половина лажичка сода бикарбона и промешајте. Оваа комбинација се користи веќе со генерации наназад, но важно е да знаете дека смее да се употребува само фармацевтска сода без алуминиум, која можете да ја пронајдете во аптеките или продавниците за здрава исхрана.

Прочитајте и:  Четири намирници можат да го намалат високиот холестерол, тврди нутриционист

Напомена: Овој рецепт е препорачлив за оние кои боледуваат од чир на желудникот.

Освен овие пијалоци, не заборавајте во секојдневната исхрана да внесете што повеќе вода, овошје и зеленчук богати со влакна, како и интегрални житарици. Секако, задолжително е движењето и секојдневните прошетки.

- Реклама -