Статистиката вели дека воздушниот сообраќај всушност е најбезбедниот (настрана терористички напади и воени инциденти). Во последните 30 години, бројот на жртви е во постојан и брз пад, додека истовремено бројот на патници и летови мултикратно е зголемен.
А сепак, на ова тврдење – дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, му фали мало дополнување: зависи каде леташ. Притоа мислиме на дел од најопасните аеродроми во светот, каде по дифолт полетувањето и слетувањето е ризично.
ШПИЦБЕРГЕН, Норвешка
Тоа е најсеверниот аеродром на светот, опколен со ледениот океан и непристапни шуми. Природата е идилична, ама низ годините, во авионски несреќи овде има над 140 загинати.
КАИ ТАК, Хонгконг
Овој аеродром се наоѓаше сосема во центарот на големиот град, а авионите редовно прелетуваа буквално над облакодерите. Баш заради тоа, аеродромот е затворен во 1998-та.
Интернационалниот аеродром на Лос Анџелес, САД
Опасен го прави тоа што е голем. Низ овој аеродром лани поминаа повеќе од 70 милиони патници, а тоа неминовно води до најразлични инциденти, како катастрофи, бомбашки напади, па дури и престрелки.
Аеродром PRINCESS JULIANA, Сен Мартен
Овде не е толку аеродромот, колку што е опасна плажата, но во случај и на најмала грешка, пилотот ќе има поголем биланс на жртви отколку што вози патници.
ТЕНЦИНГ-ХИЛАРИ, ЛУКЛА, Непал
Овој мал аеродром е сместен високо во Хималаите и не случајно се смета за еден од најопасните – силни ветрови, врнежи и магла што ја попречуваат видливоста, коса и кратка писта…
ЧАМДО БАМДА, Кина
Се наоѓа на височина од 4334 метри и е еден од највисоките во светот.
ПАРО, Бутан
Се наоѓа високо на Хималаите и е обиколен со врвови повисоки од 5000 метри. Маневрирањето на пистата е исклучително тешко и не секој пилот може да го изведе.
ТУФИ, Папуа Нова Гвинеја
„Пистата“ е обична ливада со земјена лента.
АГАТИ, Индија
Се наоѓа на малиoт јужен остров Агати. Простор за маневрирање нема, океанот е веднаш до пистата.
САНДАН, Норвешка
Аеродромот се наоѓа меѓу два фјорда, а турбуленциите се проблем за секој пилот.