Пандемиjaта на коронавирусот не ги исплaши верниците. Дел од православните христијани денеска масовно чекаа во ред да се причестат, иако обредот подразбира дека лебот и виното се конзумираат од иста чаша и лажичка.
Во црквата Света Петка во Црниче денеска уште од 7.30 часот околу 50-тина верници се собраа пред капијата, трпеливо чекајќи да заврши дезинфекцијата на дворот на црквата. Забележително беше тоа што најголемиот дел од верниците не носеа маски и ракавици, пишува „Вечер“.
„Вистински верник сум. Постам секој Велигден и ова е многу свечен чин за мене. Многу сум читал за тоа како се пренесува вирусот, ги почитувам сите мерки на безбедност, но не се плашам да се причестам од едно лажиче со сите овие луѓе. Верата не може да е причина за ширење на зараза, напротив вербата во бога ќе нѐ спаси од сите искушенија“, вели еден од граѓаните (повеќе ТУКА).
Граѓаните кои остануваат и планираат да останат дома, пак, со силни реакции на друштвените мрежи. За нив е нејасно образложението на премиерот Оливер Спасовски дека не може да ги затвори верските храмови низ земјава, иако во ек е пандемија на коронавирус, зашто правото на вероисповест е неприкосновено. Тие реагираат дека и правото на движење, па и правото на образование е неприкосновено, а сепак државата ги ограничува за да спречи ширење на болecта.
За граѓаните е апсурдно тоа што е блокиран речиси целокупниот нормален живот, а истовремено „не можат“ да се затворат црквите и џамиите. Тие се прашуваат која е поентата на карантинот, па дури и на затворените кафулиња, ако истовремено илјадници христијани за време на најголемиот христијански празник се причестуваат со иста лажичка. Во тој контекст и адвокатот Александар Тортевски, во гостување во „ТВ24“, иронично изјави дека можеби кафаните треба да се регистрираат како цркви, за државата да не може да ги затвори (ЛИНК).