Понекогаш го земаме едноставното „благодарам“ здраво за готово.
Пред десет години, Кели Хадик и нејзиниот сопруг, А.Џ. добиле прекрасно машко бебе, кому му го дале името Ели. Кога Ели имал само 14 недели, семејството имало страшна сообраќајна несреќа. А.Џ. починал веднаш, додека бебето било во критична состојба.
Но, Кели не дозволи таа ситуација да ја притисне и уништи. Наместо тоа, 10 години подоцна, таа ја раскажува нејзината срце-кршачка приказна проследена со патување во кое им се заблагодарува на сите луѓе кои биле дел од спасувањето на нејзиното бебе.
При крајот, ова видео ќе ве остави замислени… замислени колку забораваме да им се заблагодариме на луѓето кои ни помогнале кога најмногу ни била потребна помош. Сакаме да ѝ се заблагодариме на Кели за нејзиниот инспиративен проект.