Нејмар изјави дека не чувствува никаков притисок, откако неговата репрезентација успеа да се пласира во осминафиналето од Светското Првенство.
„Не сум под притисок, секогаш сум говорел околу тоа дека не постои никаков притисок кога ги остварувате своите сништа и работите нешто што сте го посакувале уште како дете. Сега ги играм натпреварите кои секогаш сум ги сонувал“ вели Нејмар.
Репрезентацијата на Бразил на Светското Првенство успеа да се избори за пласман во нокаут фазата од Мундијалот кој се одржува токму во оваа земја, додека пак противник на „Кариоките“ во осминафиналето ќе им биде селекцијата на Чиле.
Нејмар е предводник на листата на стрелците во овој момент на Мундијалот, со постигнати 4 погодоци.