Весникот „Лe Паризиен” пишува дека Нејмар се исплашил од состојбата во Франција и епидемијата на коронавирусот, па со приватен авион се вратил во родниот Бразил каде ситуацијата не е толку алармантна.
Франција како и најголемиот дел од земјите во Европа воведе карантин и го ограничи движењето на граѓаните за да се спречи ширењето на коронавирусот. Од ова не се поштедени и фудбалерите, кои мора да останат дома и таму да работат на својот фитнес.
Според пишувањата на „Ле Паризиен“, нема ниту трага, ниту глас од Нејмар кој обично е прилично активен на социјалните мрежи.
Па весникот прашува каде е напаѓачот, и дали тој го напуштил Париз. Една теорија вели дека голгетерот пред неколку дена избегал од градот на светлината со приватен авион и се вратил во родниот Бразил каде ситуацијата не е толку алармантна.